full screen background image
Search

Bugatti во реално време ја следи телеметријата на секој Chiron!

Bugatti има три „летечки доктори“ кои се подготвени во секој момент да отидат кај било кој Chiron ширум светот за да дијагностицираат и решат потенцијални проблеми.

Францускиот бренд кој е под капата на Volkswagen групацијата има напреден систем за телеметрија кој ги следи сите параметри на автомобилот. Кутијата – која е со големина на кутија за чевли – следи илјадници параметри во и може во реално време да ги пренесе сите податоци преку 4G конекција директно кај производителот.

„Системот за телеметрија на Bugatti е нашата верзија на поврзан автомобил – системот е ексклузивен и наменет за секој клиент посебно, и неговата намена е да заштеди пари и време.“ – изјави инженерот Norbert Uffmann кој е одговорен за системот, и додаде – „системот е достапен веќе повеќе од една декада.“

Кутијата содржи многу електроника и предаватели кои комуницираат со централата на Bugatti. Токму преку овој систем, еден инженер одредил дека Chiron продаден во Персискиот Залив имал проблем со притисокот во еден пневматик, се качил на авион и поминал преку 6000 километри до автомобилот, за да се дознае точната причина за проблемот и тој да се реши.

Системот истовремено работи и како GPS систем за следење на автомобилот во случај тој да е украден, или пак доколку нешто сомнително се случува. Bugatti има три „летечки доктори“, сите задолжени за одреден регион. Еден од „докторите“ е задолжен за Европа и Русија, еден е задолжен за Средниот Исток и Азиско-Пацифичкиот регион, а трет е задолжен за Северна Америка. Интересно е што „докторот“ може да добие известување за некаков проблем директно на неговиот телефон, и веднаш да воспостави врска со сопственикот на автомобилот – во било кое време од денот и ноќта.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.