Ford се подготвува да го претстави новиот Focus – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford се подготвува да го претстави новиот Focus

Синиот Овал ја закажа премиерата на новиот Focus за 10-ти Април – но веќе знаеме неколку работи за новиот хечбек на Ford!

Дизајнот на новиот Focus ќе биде значително отскокнување од дизајнот на тековниот модел – новиот Focus ќе биде очигледно инспириран од новата Fiesta – па ќе добие хоризонтални задни светла, поостри, хоризонтални предни светла и динамични линии. Новиот автомобил ќе биде поставен на редизајнирана верзија на Global C платформата на Ford – а тоа ветува дека покрај одличните возачки карактеристики кои ги очекуваме кај секој Ford, ќе добиеме повеќе простор во кабината и во багажникот.

Она што сигурно ќе го добиеме се нови мултимедијални уреди, а можно е Focus да добие и нов дигитален дисплеј поставен пред возачот на кој ќе бидат прикажани сите инструменти. Во однос на моторите – Focus ќе се нуди со 1-литарски и 1.5-литарски EcoBoost турбо-бензинци, како и 1.5-литарски TDCI турбодизел мотори. Овие мотори ќе можат да се комбинираат со 6-степен мануелен или 6-степен автоматски менувач со двојна спојка. Силата ќе се пренесува кон предните тркала, секако.

Очекуваме наскоро по премиерата да бидат преставени и „пожешки“ изведби во форма на Focus ST и Focus RS. ST изведбата најверојатно ќе ја видиме уште на самиот старт, а RS верзијата би следела по неколку години. Focus ST се очекува да има до 300 коњски сили и да ја пренесува силата кон предната оска, додека Focus RS се очекува да биде електрифициран (односно – хибрид) и да нуди околу 400 коњски сили и погон на сите четири тркала.

Како што напоменавме – премиерата на Focus е закажана за 10-ти Април – а тоа е за само неколку дена!

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Ford Capri се враќа во форма на електричен купе-SUV



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.