full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Valentino Rossi зад управувачот на Ferrari 488 Pista!

Valentino Rossi има седум шампионски титули и повеќе победи од било кој друг учесник во Moto GP шампионатот – но како му оди на четири тркала?

Ferrari му овозможи на Valentino Rossi да помине малку време зад управувачот на најновиот супер-автомобил – а тоа е 488 Pista. Благодарение на доработките, 3.9-литарскиот твин-тубро V8 испорачува 710 коњски сили и 770 Nm вртежен момент – и овозможува забрзување до 100 километри на час за 2.85 секунди и максимална брзина од 340 километри на час!

Како се снајде Докторот? Погледнете!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.