Утринска Гимнастика: Пристигнува новата Ford Fiesta ST! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Пристигнува новата Ford Fiesta ST!

Еден од најдобрите хот хеч автомобили на планетата наскоро ќе пристигне во својата најнова изведба – со 1.5-литарски EcoBoost турбо-бензинец кој испорачува 200 коњски сили!

Моќниот 1.5-литарски EcoBoost испорачува дури 200 коњски сили, благодарение на кои компактниот хот хеч ќе може да забрза до 100 километри на час за само 6.5 секунди. Дополнително, Fiesta ST добива и ревидирана суспензија, за да има уште подиректно управување и да биде уште позабавна за возење. Fiesta ST ќе има и електронски диференцијал со ограничено пролизгување, благодарение на кој ќе може да пренесе моќност онаму каде треба.

Погледнете како Louise Cook го бара максимумот од Fiesta ST на Lommel тест-патеката на Ford – и дознајте повеќе за новата Fiesta. Ние веќе ја возевме Fiesta ST-Line на глобалната промоција во Шпанија, а ја возевме и Fiesta 1.5 TDCi Titanium во Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.