Peugeot го претстави новиот Rifter кој ќе го замени Partner Teepee – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го претстави новиот Rifter кој ќе го замени Partner Teepee

Новиот Peugeot Rifter ќе го замени успешниот Partner Teepee, а покажа и концепт за 4х4-изведба од новиот повеќенаменски ван.


Лавовската верзија на новиот ван на PSA доаѓа во форма на Peugeot Rifter – и како што и очекувавме, моделот на Peugeot ги следи дизајнерските насоки на брендот, а истовремено ги нуди сите придобивки од практичната форма и понудата на простор.

Peugeot Rifter ќе се нуди во верзии со пет или седум седишта, и ќе може да се добие со турбо-бензински или турбодизел мотор. Турбо-бензинецот ќе биде со зафатнина од 1.2 литри и ќе има 110 или 130 коњски сили, а 1.5-литарскиот турбодизел ќе биде со 75, 100 или 130 коњски сили. Во зависност од одбраната погонска единица, Rifter ќе може да се комбинира со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач.

Дел од понудата ќе биде и погон на сите четири тркала, и цела гама на системи за асистенција. За забава во Rifter задолжен ќе биде 8-инчен мултимедијален уред кој се поврзува со паметен телефон, а кабината го добива и i-Cockpit системот на францускот бренд. Доколку ви е потребен простор, ќе го имате на претек – верзијата со 5 седишта нуди 775 литри багажен простор, а со спуштени седишта таа бројка нараснува на пештерски 4000 литри багажен простор.

Но навистина интересен е Rifter 4×4 Concept кој најавува како би можела да изгледа екстремна интерпретација на Rifter. Со дури 80 милиметри поголема оддалеченост од подлогата, погон на сите четири тркала и теренски пневматици, Rifter 4х4 Concept е подготвен да се справи со секакви терени. Rifter 4×4 е наменет за оние со активен животен стил, на кои им е потребен робустен и просторен автомобил, и кои сакаат да шетаат по не-баш-најдостапни дестинации.

Поврзано:  Peugeot ја згаснува дивизијата PSE?

Секако, за тоа е потребен и моќен мотор, а Rifter 4×4 Concept ја користи најмоќната изведба на 1.5-литарскиот турбодизел – онаа со 130 коњски сили и 300 Nm вртежен момент. Благодарение на можноста за блокирање преносот на силата, Rifter 4×4 е подготвен за сите предизвици!

Peugeot Rifter

Peugeot Rifter 4×4 Concept

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.