full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari 488 Pista – 711 коњски сили и „стотка“ за 2.85 секунди!

Ferrari официјално ја претстави хардкор изведбата на 488 која ја носи ознаката Pista и може да се пофали со врвни перформанси.

Сржта на 488 Pista е преработен 3.9-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 711 коњски сили и 770 Nm – односно 50 коњски сили и 10 Nm повеќе од „обичниот“ 488. Но приказната не завршува таму – 488 Pista е и значително олеснета, и во најлесната варијанта тежи само 1280 килограми – односно 90 килограми помалку.

Сето ова резултира со перформанси од кои застанува здивот – „стотка“ пристигнува за 2.85 секунди, а максималната брзина е „повеќе од 340 километри на час“. Но ништо помалку импресивно не е ниту забрзувањето од 0 до 200 километри на час – кое трае само 7.6 секунди!

Подобрувањата одат и подалеку од моторот – па работено е и на аеродинамиката, а тоа може да се забележи и по екстремниот бодикит. 488 Pista ги добива и најновите технологии од Ferrari, а токму кај Pista дебитира и Ferrary Dynamic Enhancer (FDE) системот кој автоматски го прилагодува притисокот во сопирачките.

Цена? Не знаеме, но ако морате да прашате, не можете да си ја дозволите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.