full screen background image
Search

DAKAR 2018: Втора круна за Carlos Sainz, трета последователна за Peugeot!

Легендарниот возач Carlos Sainz ја освои својата втора Dakar-титула во своето Peugeot 3008 DKR, а францускиот производител ја слави својата трета последователна победа на исцрпувачкото рели!


Шпанецот и неговиот сонародник Lucas Cruz завршија пред двократниот победник од Катар – Nasser Al-Attiyah кој возеше Toyota. На третото место заврши Giniel de Villiers од Јужна  Африка, кој исто така возеше Toyota.

Победата на Sainz значи и трета последователна победа за Peugeot тимот. За жал, францускиот тим веќе објави дека ова ќе биде нивни последен настап на Dakar. „Peugeot веќе имаат две победи, но мислам дека ја заслуживме оваа, бидејќи вложивме многу напор во автомобилот“ – изјави Sainz, и додаде – „имавме добри и лоши моменти, но секогаш го давав максимумот. Особено во ова рели, беше навистина тешко.  На почетокот реков дека ќе бидеме повнимателни, но Peugeot рече дека мораме да одиме со полн гас. На почетокот буткавме силно, а потоа само требаше да не правиме грешки.“

Во категоријата на моторцикли победи австриецот Matthias Walkner, во категоријата на камиони Eduard Nikolaev во Kamaz, а кај квадовите победата му припадна на Ignacio Casale од Чиле.

На победниците им ги честитаме победите, и им благодариме за уште еден возбудлив, незаборавен Dakar! Се гледаме во 2019!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.