full screen background image
Search

Панорама: Новиот, 280-коњски Renault Megane RS!

Новиот Renault Megane RS ќе се обиде повторно да постави нови стандарди во сегментот, а алатките кои ќе ги користи се 1.8-литарскиот турбо-бензинец кој испорачува 280 коњски сили и 4Control системот за управување на сите четири тркала!

Да започнеме со моторот. Новиот Megane RS е придвижуван од 1.8-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри, кој испорачува 280 коњски сили и 390 Nm вртежен момент. Моторот е заедничко дело на инженерите од Renault Sport Cars и Renault Sport Racing. Благодарение на моторот, Megane RS забрзува до 100 километри на час за 5.8 секунди и постигнува максимални 250 километри на час.

2018 – Essais presse Nouvelle Renault MEGANE R.S. chassîs Sport en Espagne

Купувачите ќе можат да изберат меѓу стандардна Sport шасија, или пак поекстремна, Cup шасија која ветува уште подобро управување. Дополнително, ќе можат да изберат меѓу конвенционален рачен менувач со шест брзини, или пак шест-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Во обата случаи, перформансите остануваат непроменети. Новитет е 4Control системот за управување на сите четири тркала кој овозможува управување на задните тркала. 4Control системот ветува дека значително ќе ја подобри агилноста на новиот Megane RS, кој веќе очекуваме да биде еден од најдинамичните и најзабавните автомобили во класата.

2018 – Essais presse Nouvelle Renault MEGANE R.S. chassîs Sport en Espagne

Во развивањето на новиот Megane RS учествуваше и F1 возачот Nico Hulkenberg. „Бев инволвиран во развојниот процес во текот на 2017, и сум горд да бидам амбасадор на новиот Renault Megane RS. Ја имав можноста да го возам автомобилот на неколку различни тркачки патеки – Monaco, Montlhery и Spa-Francorchamps, и бев навистина импресиониран од можностите на автомобилот и ефикасноста на технологиите кои ги носи.“ – изјави Nico.

2018 – Essais presse Nouvelle Renault MEGANE R.S. chassîs Sport en Espagne

Сигурни сме дека RenaultSport ќе се обиде повторно да постави нови рекорди со Megane RS – војната за рекордот на Nurburgring никако да престане, а сè повеќе производители се борат за круната. Чувствуваме дека луѓето од RenaultSport едвај чекаат повторно да ја наметнат својата доминација!

Поврзано:   Gilles Vidal заминува од Peugeot, оди во Renault!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.