Скопје Круг 2017 – Квалификации – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Скопје Круг 2017 – Квалификации

Денес беа квалификациите од Скопје Круг, а ние ви пренесуваме фотографии од атмосферата како и резултатите од денешното натпреварување!

Прекрасното време беше само дополнителен изговор да има навистина многу посетители на денот на квалификациите за Скопје Круг. Ви пренесуваме дел од тамошната атмосфера, како и резултатите, по дивизии. Резултатите ги преземавме од Facebook страницата Македонски Автомобилизам.

Во однос на класите, резултатите се следните:

  • К1: Георги Наков
  • К2: Зоран Делев
  • К3: Перпарим Души
  • К4: Влатко Симоновски
  • К5: Давид Малинковски
  • К6: Ненислав Петковиќ

Им честитаме на најдобрите, а на сите учесници им посакуваме одлично време и безбедно возење на утрешниот, тркачки ден!

Фотографија: Ратко Додевски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.