Иџе поаѓа кон Чешка со амбиции да ја освои титулата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Иџе поаѓа кон Чешка со амбиции да ја освои титулата!

„Убеден сум во освојувањето на титулата во ова натпреварување!“ – изјави Игор Стефановски Иџе пред неговото заминување во Чешка на последната FIA ETCC трка оваа година!

Викендов во Чешка – на патеката Мост – од 6ти до 8ми Октомври ќе се вози последната трка од FIA ETCC шампионатот за оваа година.

„Убеден сум во освојувањето на титулата на оваа трка. Ветувам дека јас и членовите на мојот тим уште еднаш ќе дадеме сè од себе. Патеката Мост е непозната за мене, но досега веќе докажав дека можам да ги совладам и непознатите патеки.“ – храбро изјави Иџе и дополни – „Сите мои стратешки мигови сега се фокусирани кон последниот настап. Во Чешка одам на сигурна победа!“

Игор Стефановски – Иџе – и неговиот Seat Leon се во топ четирите од девет возачи. Тој секако е во игра и за шампионската титула – од лидерот Петр Фулин го делат само осум бодови – во генералниот пласман води Фулин со 63 бода, пред Шрајбер со 57, Наѓи со 56 и нашиот Иџе со 55 бода.

Му посакуваме среќа и успех на Иџе – а ние возбудено ќе го следиме неговиот настап. Со среќа Иџе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.