Mercedes GLC F-Cell е првиот Plug-In сериски автомобил со водородни горивни келии – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes GLC F-Cell е првиот Plug-In сериски автомобил со водородни горивни келии

Mercedes го претстави новиот GLC F-Cell, првиот автомобил коj комбинира водородни горивни келии со plug-in батерии.

Новиот GLC F-Cell дебитираше како предпродукциски модел кој нуди комбиниран опсег на возење до 437 километри и електричен опсег од 49 километри. Иновативниот погон нуди комбинирана испорака на сила од 200 кс и 350 Nm вртежен момент. Mercedes вели дека системот на горивни келии во GLC е околу 30 проценти покомпактен од оној во B-Class F-Cell, овозможувајќи му за прв пат да биде целосно сместен во просторот за агрегатот – како конвенционален мотор.

Mercedes исто така успеале да го намалат користењето на платина во горивните келии за 90 проценти, што резултира со намалување на трошоците за системот. Литиум-јонската батерија во предпродукцискиот модел има капацитет од 13.8 kWh и е сместена заедно со електричниот мотор во задниот дел од автомобилот. Кога е овозможен целосен капацитет на полнење, таа може да се наполни за 1 и пол час.

Тука се два карбонски резервoари сместени во подот на автомобилот наменети за складирање водород со целосен капацитет од 4.4 килограми. Целосно полнење трае само три минути. Тука се три режими на возење: Hybrid, каде автомобилот ја црпи силата од двата извори, Battery, кој овозможува целосно електрично возење и Charge, каде полнењето на батериите е приоритет.

Mercedes вели дека сериските модели ќе доаѓаат со стандардни амортизери напред и задна воздушна суспензија. Компанијата исто така нема објавено детали за лансирањето на GLC F-Cell на пазарот, но се очекува да објави повеќе информации во следните месеци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.