BMW го претстави M8 GTE „тркачот“ пред серискиот автомобил во Франкфурт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го претстави M8 GTE „тркачот“ пред серискиот автомобил во Франкфурт

Тркачките GT модели се базирани на сериски автомобили, но BMW побрза да го претстави новиот M8 GTE пред неговата сериска изведба.

Новиот M8 GTE ќе ги замени тркачките модели M6 GTLM и Z4 GTE и ќе се натпреварува на трките за издржливост како 24 часа Ле Ман. Тој е погонуван од 4.0-литарски твин-турбо V8 агрегат кој произведува не повеќе од 500 кс, поради строгите регулативи на натпреварување.

Користењето на елементи од карбон помогнало да се задржи ниска тежина од 1225 килограми, што е всушност 25 килограми помалку од она што го дозволуваат регулативите, а ова значи дека тимот ќе може да си игра со дополнителна тежина за да го прилагоди балансот на управување со возилото.

BMW M8 GTE ќе дебитира на 24 часа Дајтона во Флорида во Јануари и ќе земе учество во IMSA WeatherTech SportsCar шампионатот во Северна Америка, како и FIA World Endurance шампионатот во Европа и во светот. Кога ќе настапи на Ле Ман, ќе биде прв пат кога BMW ќе учествува со фабрички тим откако M3 GT2 се тркаше во 2011.

Ова е интересна вест за тркачките фанови, но претставува уште позначајна вест бидејќи дава претстава како ќе изгледа сериската изведба од Серија 8. Замислете го моделот без аеродинамичките елементи и тркачките шари и ќе добиете приближна слика за тоа како ќе изгледа новиот водечки купе модел од Минхен.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.