Land Rover го претстави монструозниот Discovery SVX со 525 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Land Rover го претстави монструозниот Discovery SVX со 525 коњски сили!

Британскиот бренд го откри новиот Discovery SVX, кој е дизајниран да биде тврдокорен теренец со многу сила.

Создаден од Jaguar Land Rover Special Vehicle Operations, новиот SVX е најмоќниот Discovery модел благодарение на неговиот 5.0-литарски V8 агрегат, кој со помош на supercharger произведува 525 кс и 625 Nm вртежен момент.

Моделот е опремен со Hydraulic Active Roll Control систем кој помогнува да се подобри движењето на тркалата, контролата на каросеријата и тракцијата на погруби терени. Аглите на пристап се исто така подобрени благодарение на повисоката воздушна суспензија и амортизерите со долг од. За подобар контакт со подлогата SVX вози на 20 инчни алуминиумски фелни обвиени во Goodyear Wrangler пневматици за секој терен.

Теренските модификации не застануваат тука, бидејќи моделот располага со централен и заден заклучувачки диференцијал. Land Rover исто така го опремил моделот со специјален софтвер на трансмисијата, како и оптимизиран Terrain Response 2 систем. Тука се и Hill Descent Control, Electronic Traction Control и All-Terrain Progress Control.

Discovery SVX располага со уникатни браници, заштитни плочи и интегрирана задна макара. Моделот е исто така опремен и со LED светла на кровот, портокалови детали и повеќе куки за извлекување.

Ентериерот е речиси целосно преземен од стандардниот модел, но добива двобојни седишта со портокалови детали и перфорирани „X“ ознаки. Стандардната ротациона рачка на менувачот е исто така заменета со Pistol-grip рачка која треба да овозможи подобра контрола на степените при возење на секаков терен.

Land Rover Discovery SVX ќе започне да се произведува следната година, а повеќе детали ќе бидат објавени веднаш пред тоа.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Land Rover Defender Octa има твин-турбо V8 со 635 коњски сили!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.