full screen background image
Search

Audi Aicon – Визија за иднината според Инголштад!

Концептот кој Audi го нарече Aicon е екстремно хај-тек визија за автономен, луксузен, електричен седан од иднината!

Концептот кој германскиот производител го прикажа, всушност го претставува врвот на технолошките на Audi. Автомобилот кој е долг 5.444 метри, широк 2.1 метар и висок 1.5 метри одлично влегува во D-сегментот, но благодарение на меѓуоскиното растојание од 3470 милиметри во кабината нуди повеќе простор од големиот А8. Всушност, големите 26-инчни тркала кои не изгледаат преголеми ги издаваат димензиите на огромниот концепт.

Дизајнот е одлучно футуристички, но притоа не изгледа како нешто што воопшто не можеме да го замислиме на улиците. Карактерната линија ја истакнува должината на концептот, силно-исфрлените крила ги покриваат големите тркала, а наопаку-поставената Singleframe маска ќе се најде кај сите електрични возила на Audi.

Со Aicon, Audi ги претставува и своите достигнувања во сферата на LED осветлувањето. Концептот нема традиционални предни и задни светла – тие се заменети со целосно дигитални површини кои имаат стотици триаголни сегменти поставени фо формата на логото на Audi AI. Големите површини овозможуваат не само осветлување, туку и анимации и информации во било која боја – па Audi ќе се збогува со традиционалните дневни светла и ќе користи светла кои се прилагодуваат кон моменталните ситуации.

Но осветлувањето не запира таму – Aicon може да проектира кон патот во висока резолуција и да пренесе сигнализација на самата површина. Со тоа може да пренесе предупредувања и разни информации кон минувачи кои не можат директно да го видат автомобилот. Audi најавува дека ќе ги снема и традиционалните „долги“ светла бидејќи ласерските светла на Aicon и радарскиот систем успеваат да видат сè – дури и во темнина. Конечно, Aicon има и Light Companion – мал дрон кој има сопствено осветлување и кој го осветлува патот на одење на патниците.

Вратите на Aicon се отвараат нанапред и наназад, и целата кабина е достапна при самото отворање. Седиштата се дизајнирани за максимален комфор, а во кабината нема никакви команди – Aicon е замислен да биде целосно автономен автомобил. Патниците можат да „комуницираат“ со Aicon на неколку начини – со полу-класичен хаптичен интерфејс, гласовни контроли и следење на очите. Автомобилот во секој момент знае кој патник во која насока гледа, и овозможува гледање на филмови или „сурфање“ на интернет.

Moving on to the interior, the Aicon features doors that open to the front and rear. Since there’s no B-pillar, the entire cabin is exposed to the passengers as they enter the vehicle. When the two individual front seats are slid all the way back, the cabin appears to be extremely wide, which is a good thing for a 2+2 seater. The two front seats are designed for comfort and spaciousness, and can slide around thanks to a platform covered in high-pile carpet that can move longitudinally. Individual seats can also swivel by up to 15 degrees, making it easier to interact with fellow passengers or to simply enter the vehicle.

Aicon користи четири електромотори, кои вкупно испорачуваат 350 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Тоа можеби не звучи како многу – но поентата на Aicon не се перформансите туку лесното, комфорно и ефикасно пристигнување на саканата дестинација – па Aicon може да помине меѓу 700 и 800 километри со едно полнење со крстосувачка брзина од 130 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.