Тековниот SEAT Leon е најпродаваниот модел на брендот досега! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Тековниот SEAT Leon е најпродаваниот модел на брендот досега!

Шпанскиот производител се пофали дека се испорачани повеќе од 682.000 примероци од тековната генерација на популарниот хечбек!

За помалку од пет години, од лансирањето на тековниот SEAT Leon па до овој момент се испорачани 682.567 возила. Ова го прави најпопуларниот Leon досега, но и најпопуларниот компактен модел на SEAT воопшто.

„Третата генерација на Leon означи пресвртница за SEAT, и е еден од водечките модели на брендот“ – изјави заменик-претседателот во SEAT одговорен за продажба и маркетинг, Wayne Griffiths, и додаде – „тоа е нашиот најпродаван модел и ни овозможи да направиме голем скок и во флотната продажба благодарение на караванската верзија која за прв пат ја понудивме со оваа генерација.“

Всушност, караванската изведба на Leon сочинува повеќе од една третина од продажбата. Благодарение на караванската изведба, флотната продажба на SEAT е зголемена за повеќе од 90% во изминатите неколку години. Како дел од моделската офанзива на брендот, Leon доби освежување со кои доби затегнат дизајн и нови технологии, а Cupra изведбата е најмоќниот SEAT на сите времиња. Ние имавме одлична можност да го пробаме Leon Cupra ST на НАВАК патеката.

„Leon Cupra – најмоќниот SEAT во историјата на брендот – е икона која ја претставува суштината на нашот бренд, и ни помогна да дојдеме до купувачи кои сакаат уште поспортски, поемотивен автомобил.“

Првиот Leon беше лансиран во 1999 и беа продадени повеќе од 530.000 возила до крајот на неговото прозводство во 2005-тата година. Втората генерација – дизајнерско дело на Walter De Silva – дебитираше во 2005-тата година и се продаде во повеќе од 675.000 примероци. Вкупно, SEAT може да се пофали со вкупно 1.893.279 продадени Leon-и низ три генерации.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.