Протекоа првите фотографии од новиот Porsche Cayenne – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од новиот Porsche Cayenne

Само неколку дена пред официјалното претставување, се појавија првите фотографии од третата генерација на популарниот SUV на Porsche!


Од она што можеме да го видиме на фотографиите – и како што можеме да очекуваме од Porsche – дизајнот на Cayenne има доживеано еволуција, наместо револуција. Сепак, новиот SUV изгледа затегнато и помодерно – и влече дизајнерски елементи од втората генерација на Panamera. Овие сличности се најзабележливи во задниот дел, каде светлосните групи го имаат истиот третман како и кај големиот спортски седан.

Инаку, силуетата на Cayenne делува пониска и подолга, и нам ни наликува малку на помалиот Macan. По фотографиите, ова е „обичниот“ Cayenne – од помоќните Cayenne S, Cayenne Turbo и GTS очекуваме да изгледаат подинамично и поспортски.

Главните новитети се во кабината, каде – повторно – Cayenne влече инспирација од Panamera. Инструментите и централната конзола се слични како кај Panamera, а целата кабина е обвиена во кожа.

Повеќе информации ќе имаме наскоро – третата генерација на Cayenne ќе биде претставена за само неколку денови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.