full screen background image
Search

Аудио-уредот на новиот Audi A8 има 23 звучници и 1920 вати!

Вљубеници во убавиот звук – новиот Audi A8 ќе дојде со Bang & Olufsen аудио-систем со 23 звучници кои заедно испорачуваат 1920 вати!


Advanced Sound System уредот развиен заедно со Bang & Olufsen користи ни помалку, ни повеќе 23 звучници, и користи лесни, неодимиумски магнети за да ја намали дисторзијата и да обезбеди кристално-чист звук.

Два звучници има во А-столбовите и два има во кровот зад задните седишта – со ова се постигнува идеален Surround ефект. Звучниците испорачуваат вкупно 1920 вати, и според експертите нудат хај-енд 3D звучно искуство благодарение на дигиталниот процесор. Другите звучници се распоредени на други места низ автомобилот за оптимален звук.

detail

Кога ќе го стартувате аудио-системот, два високотонци се издигнуваат од конзолата. Овие звучници имаат Acousting Lens технологија од Bang & Olufsen. Секој звучник има свој засилувач, а алгоримтот за испорачување 3D звук е развиен заедно со Fraunhofer институтот од Ерланген, Германија!

detail



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.