Електричниот автомобил на SEAT најверојатно ќе се вика Born – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот автомобил на SEAT најверојатно ќе се вика Born

Според неодамна-заштитените имиња кои ги регистрираше SEAT, електричното возило на шпанскиот бренд на Volkswagen групацијата ќе се вика по El Born населбата во Барселона!

Годинава на Mobile World Congress во Барселона Seat го претстави електричното e-Mii, но веќе најавија дека лилипутанскиот електричен автомобил нема да оди во сериско производство.

Но затоа, кон крајот на оваа декада Seat ќе добие засебен електричен модел. Шпанскиот бренд веќе ги поставува основите за електричните автомобили со регистрирање на три (сега заштитени) имиња – Born, Born-E и E-Born. Сите овие имиња се инспирирани од El Born квартот во Барселона, и се претпоставува дека едно од овие имиња ќе биде избрано за електричниот автомобил базиран на MEB платформата.

Истовремено, Seat веќе ја најави листата за потенцијални имиња за новиот, поголем SUV кој ќе го додаде во својата гама. Поголем од Ateca (и најверојатно голем колку Skoda Kodiaq), новиот SUV на Seat во моментов е во процедура на избирање име – а кандидатите се Abrera, Alboran, Aran, Aranda, Avila, Donosti, Tarifa, Tarraco и Teide. Seat веќе го искористи името Aran за еден од своите концепти, па некако и ние размислуваме во таа насока.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.