Само 400-примероци од жешкиот Toyota Yaris GRMN ќе пристигнат во Европа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Само 400-примероци од жешкиот Toyota Yaris GRMN ќе пристигнат во Европа!

Toyota е сериозна во своите намери да се врати кон спортските и динамични возила – а пример за тоа е токму Yaris GRMN со компресорски 1.8-литарски бензинец со 210 коњски сили!


Жешкиот хечбек на Toyota под поклопецот носи компресорски 1.8-литарски бензинец кој испорачува 210 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, благодарение на кои малиот Yaris GRMN ќе забрзува „до стотка“ за само 6.3 секунди и ќе постигнува максимални 230 километри на час.

Ова се сериозни бројки за автомобил од оваа категорија – а ако се прашувате што всушност значи GRMN, ќе ви објасниме дека тоа значи Gazoo Racing tuned by Meisters of the Nurburgring. Токму така – малиот Yaris GRMN е развиен токму на легендарниот Зелен Пекол и токму тоа педигре му дава сериозен авторитет.

Yaris GRMN има целосно нова суспензија со делови од Sachs, како и преработен издувен систем за да се подобри „дишењето“ на 1.8-литарскиот мотор. Силата се пренесува преку предните тркала – кои во овој случај се изработени од BBS, а се обвиени во тркачки Bridgestone Potenza RE050. Сите примероци ќе бидат произведени во Франција, но од специјално-одбран тим од само 20 работници!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.