Новиот Rolls-Royce Phantom доаѓа на 27ми Јули! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Rolls-Royce Phantom доаѓа на 27ми Јули!

Rolls-Royce се подготвува да го претстави новиот Phantom за време на настан кој го нарекуваат „The Great Eight Phantoms“ – каде покрај новата ултра-луксузна лимузина ќе видиме и уште неколку други значајни историски модели на брендот.


Новиот Rolls-Royce Phantom најверојатно ќе постави нови стандарди во сегментот на ултра-луксузни лимузини. Rolls-Royce одлучи да организира настан на кој ќе ја прикаже историјата како на брендот, така и на моделите кои го носат ова име.

Меѓу другите изложени модели, ќе видиме лимузина која ја користела Британската Кралица во 1977-ма година, која е специјално доработена за да има повисока кровна линија за да биде попрегледна за време на официјални церемонии. Ќе видиме и Phantom IV кој му припаѓал на Aga Khan, лидер на Nizari Ismaili муслиманската заедница – овој автомобил има специјално-изработена Hooper каросерија со задскриени задни тркала а ентериерот е обвиен во црвена кожа. За да се изработи овој автомобил биле потребни дури 2 години (од 195о до 1952) поради многуте уникатни детали – меѓу кои и прилагодливо огледало, скриен сребрен чешел, функционален диктафон и други додатоци.

 

Ќе го видиме и првиот Goodwood Phantom – автомобилот со кој Rolls-Royce ја започна својата ренесанса во 2003-тата година. Три месеци по официјалното деби, овој автомобил му беше испорачан на сопственикот во Австралија, кој пак веднаш отиде на спектакуларно патување од 7200 километри – и цели 14 години подоцна, автомобилот сè уште е во исклучителна состојба.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.