1.2-литарскиот PureTech мотор на PSA по трет пат е мотор на годината во својата категорија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

1.2-литарскиот PureTech мотор на PSA по трет пат е мотор на годината во својата категорија

Неодамна се одржа доделувањето на наградите за Мотор на Годината – и меѓународното жири на новинари ја додели наградата „Мотор на Годината за 2017“ на турбо-бензинскиот мотор PureTech 1.2 литри со 3 цилиндри во категорија од 1 до 1.4 литри.


Трета година по ред, наградата „Мотор на Годината за 2017“ го потврдува комерцијалниот успех на овој успешен бензински мотор, достапен со 110 и 130 коњски сили (PureTech 110 S&S и PureTech 130 S&S). Веќе се произведени повеќе од 850.000 единици во индустриските капацитети на производствената локација Française de Mécanique во Дуврин (Франција) и во Xiang Yang (Кина) од нејзиното лансирање во 2014 година. Поради популарноста, моторот исто така ќе започне да се произведува во фабриката Тремери (Франција) на крајот на 2017 година и годишното производство ќе надмине 1 милион единици до 2019 година.

Моторот се нуди во преку 90 возила на PSA групацијата и се нуди во преку 70 земји. На европскиот пазар, 1.2-литарскиот PureTech бензинец се вградува во третина од продадените возила на PSA.

Од PSA најавуваат дека моторот наскоро ќе добие неколку значителни подобрувања – и тоа не само во однос на ефикасноста, туку и во однос на перформансите. Ќе се воведе филтер за честички на бензинските мотори, со што ќе се намали емисијата на штетни честичи за повеќе од 75%. Ќе се оптимизира ефикасноста, ќе се намали механичкото триење и ќе се воведе нов турбополнач.

Коментирајќи ја наградата, Christian Chapelle – потпретседател на одделот „Инженеринг за моторен погон и шасии“ на PSA Групацијата – изјави: “Добивањето на оваа награда го потврдува извонредниот квалитет и перформансите на нашите бензински мотори. Продолжуваме да ги оптимизираме моторите со внатрешно согорување и да ги направиме повеќе ефикасни и сè повеќе еколошки, за што подобро да се справуваат со предизвиците на енергетската транзиција”.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.