full screen background image
Search

Среќен Роденден: Alfa Romeo наполни 107 години!

Легендарниот италијански бренд неодамна со неколку манифестации го прослави својот 107-ми роденден!


На 24 јуни Alfa Romeo го прослави својот роденден кој го прослави низ неколку манифестации во Историскиот музеј во Arese во текот на целиот викенд. Почнувајќи од 23 јуни, вкупно 60 сопственици на Alfa Romeo 4C беа дел од посетата на производната линија во Modena и ден на пистата во Varano de Melegari. Истовремено, тимот од Portello во Монца го претстави проектот „Formula Alfa“, а автодромот во Vallelunga беше домаќин на средбата на Клубот Алфа Рoмео на историски автомобили.

На 23 јуни започнаа прославите на 107-миот роденден на Alfa Romeo. Прво, во Модена 60 сопственици на Alfa Romeo 4C имаа можност да ја посетат фабриката и да го почувствуваат вкусот на иднината, емоциите на писта на автодромот во Varano de Melegari и да нурнат во светот на најспортската Alfa Romeo. Исто така Историскиот музеј во Arese – ги отвори вратите за сите љубители кои посакаа заедно да го прослават 107-иот роденден на Alfa Romeo со серија специјални настани. Тоа не беше само прослава, туку и предавање за креативност, учество и вреднување на единственото историско наследство. Богатата програма содржеше и учество на проектантите од Центарот за дизајн, кои на лице место дизајнираа новитет базиран на Alfa Romeo 164 која наполни 30 години. Овој модел беше дел од парадата „Grand Prix Slot Alfa Romeo“, co модели на далечинско на писта со шест ленти, за возрасни и деца.

Центар на сите настани беше Историскиот музеј: основан 1976, и повторно отворен за јавноста во 2015. Во него се сместени најважните примероци на Alfa Romeo кои ги одбележаа 107-те години постоење на марката и кои го илустрираат нејзиниот напредок.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Alfa Romeo ги освежи Giulia и Stelvio Quadrifoglio - Моќ во секој детал!

Во салата „Giulia“ се одржа конвенција посветена на „30 години Alfa 164“ на која присуствуваа значајни гости кои дадоа свој придонес во проектирањето и развојот на еден од назначајните автомобили во историјата на Alfa Romeo. Целиот настан е организиран од страна на FCA Heritage, организацијата која се бави со вреднување и промоција на историското наследство на куќата.

Истовремено беше претставен и проектот „Formula Alfa“ кој предвидува во 2018 да се организира интернационален шампионат за Formula Alfa и Europa Boxer, како и за Formula 3 создадени во 1979 и 1994. Покрај тоа, на автодромот во Vallelunga се одржа и традиционалниот собир на Club Alfa Romeo.

Среќен роденден, Alfa Romeo!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.