Утринска Гимнастика: Автономен Mercedes-Benz S-Class без возач ја напушта производната лента! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Автономен Mercedes-Benz S-Class без возач ја напушта производната лента!

Mercedes-Benz ја лансира освежената S-Class – но новиот автомобил нема да биде управуван од возач кога ќе ја напушта производната лента – големиот луксузен седан самиот ќе го направи тоа!


Погледнете како Markus Schäfer од Mercedes-Benz ја посетува фабриката во Sindelfingen и седнува во совозачкото седиште на нов S560 4MATIC, а потоа системите на големиот седан ја преземаат работата и тој самиот ја напуша производната лента. Потоа, S560 4MATIC самиот вози уште 1.5 километри до соодветна локација во самата фабрика, каде ќе биде натоварен за транспорт кон сопственикот.

Како што кажуваат од Mercedes, тие ја разгледуваат опцијата да го користат овој систем и понатаму, со цел да се подобрат автоматизацијата, но и ефикасноста на производниот процес. Всушнност, господин Schafer сугерира дека идните модели не само што ќе ги користат автономните технологии, туку можеби и самите ќе возат до домовите на новите сопственици кога ќе бидат произведени!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.