ABT го засили Audi S5 Cabriolet на 425 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT го засили Audi S5 Cabriolet на 425 коњски сили!

Познатиот Германски тјунер ја модифицираше кабриолет изведбата од Audi S5, правејќи ја речиси исто моќна како RS5, кој е достапен само како купе верзија.

Со додавање на неколку надградби на 3.0-литарскиот V6 агрегат, тие ја зголемиле силата на 425 кс и 550 Nm вртежен момент, што е всушност зголемување од 66 кс и 50 Nm повеќе од стандардниот модел. Како последица на тоа, засилениот S5 Cabrliolet е само 25 кс и 50 Nm послаб од новиот RS5, кој забрзува од 0-100 км/ч за 3.9 секунди кон максималната брзина од 280 км/ч доколку е опремен со опционалниот Dynamic пакет.

За жал, ABT нема објавено детали за перформансите. Сепак, тие нудат и други надградби за отворениот модел, како селекција од 19 и 20-инчни фелни достапни во четири различни дизајни и повеќе финиши, додека интегрираните светла за влегување на вратите сега можат да го проектираат ABT логото на подлогата со користење на LED технологија.

Аеродинамичките делови за S5 се моментално во развој и треба да станат достапни за неколку недели.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.