Со желба да го продолжи огромниот успех на F-Pace, Jaguar ќе го зголеми Pace-семејството со новиот компактен SUV – E-PACE!
Сега за сега, од Jaguar не објавуваат премногу податоци околу новиот E-Pace, но кажуваат дека „ги соединува спортскиот автомобилски дизајн и агилноста со очекуваната практичност на еден SUV.“ E-PACE ќе му се придружи на F-PACE (кој воедно е и Светски Автомобил на Годината за 2017) во PACE-семејството, каде ќе дојде и електричниот I-PACE.
F-PACE продолжува непоколебливо да ниже успеси – всушност, токму F-PACE успеа минатата година да ја зголеми продажбата на Jaguar за дури 83% – и токму ова објаснува зошто Jaguar е „загреан“ да продолжи со овој тренд. Според Ian Callum – директорот за дизајн во Jaguar – „комбинацијата на изгледот на спортски автомобил со перформансите на Jaguar ќе му овозможат на E-PACE да се истакне од конкурентите. Секој Jaguar е дизајниран да ги возбуди сите сетила, и токму затоа мислиме дека E-PACE ќе го направи тоа, но со својот уникатен карактер.“
Сè уште немаме никакви технички податоци, но очекуваме дека E-PACE ќе биде придвижуван од Ingenium турбо-бензинските и турбодизел мотори на Jaguar – и секако, ќе се нуди со погон на сите четири тркала. Официјалната премиера е закажана за 13ти Јули, а продажбата ќе започне во текот на оваа година.