Во Македонија пристигна првиот SUV на Alfa Romeo – новиот Stelvio! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Македонија пристигна првиот SUV на Alfa Romeo – новиот Stelvio!

Првиот SUV на италијанскиот бренд пристигна во салонот на македонскиот импортер на Alfa Romeo!

Италијанскиот бренд неодамна го претстави својот прв SUV – Stelvio е првиот теренец на Alfa Romeo, а со него ќе се обидат да се впуштат во борба со докажани премиум конкуренти кои доаѓаат примарно од Европа, но и од подалечниот исток.

Неодамна Stelvio пристигна и во салонот на македонскиот импортер – Automobile SK. Пристигнатиот примерок е во црна боја, а под поклопецот се крие 2-литарски бензинец кој испорачува 280 коњски сили. Цените за Stelvio започнуваат од 44.900 евра за Stelvio опремен со 2.2-литарски JDTM турбодизел со 150 коњски сили. Помоќниот турбодизел со 180 коњски сили чини од 47.800 евра, додека најмоќниот дизел со 210 коњски сили чини од 52.600 евра.

Цените на бензинците започнуваат од 52.200 евра за 2-литарскиот турбо-бензинец со 280 коњски сили, додека Launch изведбата која го носи истиот мотор чини 60.900 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.