Утринска Гимнастика: Луда трка на F1 возачите на Red Bull со влечење на камп-приколки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Луда трка на F1 возачите на Red Bull со влечење на камп-приколки!

Даниел Рикардо и Макс Верстапен ја нападнаа патеката Red Bull Ring со два модели на Aston Martin со закачени приколки и покажаа зошто е навистина реткост да се види брз автомобил кој влече друг објект.

Возените модели се Vanquish Volante S со 595 кс, доволни за брутално да ја размрдаат лесната конструкција на подвижните домови. Камп приколките тежат околу 400 килограми и се обоени исто како и автомобилите – во боите на F1 Red Bull болидите. Како што може да претпоставите, главната поента во оваа трка не е победникот, туку случувањата во текот на неа. Двајцата пилоти не можат да земат воздух од смеење додека возат еден покрај друг.

Погледнете како се забавуваат врвните возачи и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.