Mercedes и Renault-Nissan подготвуваат 1.2 и 1.4 литарски бензински мотори – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes и Renault-Nissan подготвуваат 1.2 и 1.4 литарски бензински мотори

Соработката помеѓу Mercedes-Benz и Renault-Nissan групациите се продлабочува уште повеќе со заедничкото развивање на нови бензински четири-цилиндарски агрегати.

Новите 1.2 и 1.4-литарски мотори кои се опремени со директно вбризгување ќе се најдат под поклопците на основните варијанти на следните генерации од А и B-Class моделите. Овие погонски единици се развиваат под кодното име „M282“ и ќе бидат создадени исклучиво за трансверзално акликација, па истите нема да се најдат во гамата на поголемите модели. Тие ќе бидат придружени со темелно надградена изведба од постоечкиот „274“ која ќе направи транзиција во „M260“ и ќе биде понуден во верзии од 1.6 и 2.0 литри.

Обновениот 2.0-литарски агрегат ќе послужи како основа за нов мотор кој ќе ја замени M133 единицата што ги погонува 45 AMG моделите кај кои испорачува 381 кс и 475 Nm вртежен момент. Во идните генерации на компактните модели тој ќе произведува над 400 кс.

Трендот на намалување на капацитетот на погонските единици не се очекува да продолжи во иднина бидејќи некои од автомобилските производители признаа дека симнувањето под бројката од 1.2-литри за бензински агрегати не им дозволува исполнување на еколошките стандарди за издувни гасови. Поради истата причина, не се очекува дека Renault-Nissan ќе понудат дизел агрегат со помала зафатнина од актуелниот 1.5 dCi, кој може да се најде во основните модели на A и B-Class, а исто така и во речиси сите модели на Dacia.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.