full screen background image
Search

Протекоа први фотографии од освежениот BMW M2

Трепнете и ќе ги пропуштите разликите – но ова се првите официјални фотографии од освежениот M2 на BMW!


Од она што можеме да го видиме на фотографиите, козметичките измени воглавно се околу светлосните групи – како напред, така и позади. Предните LED светла добиваат редизајнирани „ангелски очи“ кои веќе не се овални, туку се поаглести и го доведуваат M2 со другите модели на M-дивизијата. Слична е приказната и на задниот дел – задните светла сега се „едноделни“, односно целите се со иста боја.

Сега за сега немаме никакви фотографии од ентериерот, но се претпоставува дека нема да има големи измени и дека примарното освежување ќе биде во форма на најновата генерација на iDrive системот на BMW. Не се очекуваат (но не се ни исклучуваат) измени во погонската единица – колку за потсетување, BMW M2 користи линиски 3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 365 коњски сили и 465 Nm вртежен момент, сосем доволно за „стотка“ за 4.2 секунди и максимални 250 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.