full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: BJ Baldwin ја прелетува „половина“ Хавана!

Професионалниот возач на Trophy камионети објави нова епизода од неговите атрактивни скокови и пролизгувања, овој пат снимена во Хавана, Куба.

Главен алат во ова видео е најновиот лично негов специјално подготвен модел на Toyota Tundra, која сега располага со огромна сила и одлична суспензија. Тука има многу импресивни скокови од кои највисокиот достигнува должина од дури 58 метри, а според нас најинтересни се сцените во џунглата каде големата Tundra се однесува како вистински ѕвер на своја територија.

Погледнете ги возбудливите атракции и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.