Lexus го најавува освежениот NX SUV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го најавува освежениот NX SUV

Популарниот SUV на Lexus наскоро ќе го добие своето освежување – премиум огранокот на Toyota го најави фејслифтот на NX за саемот на автомобили во Шангај.

Верувале или не, NX е на пазарот веќе скоро три години, и веќе е време да го добие своето освежување. Освежената верзија на урбаниот кросовер ќе дебитира на саемот на автомобили во Шангај на средината на Април.

Сега за сега, од Lexus не кажуваат што сè ќе биде вклучено во освежувањето, но најавуваат дека NX ќе добие освежен екстериер, како и подобрувања во ентериерот кој ќе „ги подобрат практичноста и функционалноста“ и ќе му помогнат на автомобилот да ги „исполни потребите на глобалните купувачи на луксузни автомобили.“ Нема најави за тоа дали освежениот NX ќе добие и подобрувања во хибридниот погон.

Компактниот луксузен SUV на Lexus се покажа како успешен модел и му помогна на Lexus да постигне значителен пораст во продажбата. Токму NX е најпопуларниот и најпродаваниот модел на Lexus во Европа – во 2015-та година на европскиот пазар беа продадени вкупно 28.417 примероци, од кои дури 17.278 беа хибридни. Ние неодамна го возевме Lexus NX – прочитајте го нашиот тест.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.