full screen background image
Search

DS и официјално го претстави својот прв SUV – новиот DS 7 Crossback!

Само неколку дена пред официјалната премиера во Женева, DS го претстави својот прв вистински SUV кој доаѓа во форма на DS 7 Crossback!

Францускиот луксузен огранок на PSA, односно Citroen сака да постави нови стандарди во сегментот и да биде веднаш препознатлив како уникатен и храбар избор. Ова делумно ќе го прави преку осветлувањето – бидејќи LED модулите во DS Active LED Vision предните светлосни групи се обликувани како скапоцени камења и емитираат уникатна, виолетова светлина кога возилото се отклучува пред да се завртат за 180 степени во својата финална позиција. Кон ова допринесуваат и вертикалните дневни светла, а на задната страна светлата се со LED технологија, но во форма на осветлени скалила.

Дизајн директорот на DS – Thierry Metroz – изјави дека во секоја фаза од дизајнерскиот процес, водечката цел била DS 7 Crossback да пренесува чувство на рафинирана брилијантност и најдоброто знаење да биде имплементирано со највисоки стандарди. Според него резултатот е очигледен, благодарение на идеалните пропорции и автомобил кој зрачи со карактер и комбинацијата меѓу моќ и стил.

Во кабината се поставени два големи 12-инчни дисплеи – првиот се користи за навигацијата и мултимедијата, а вториот екран може да се персонализира или пак да прикажува дигитални инструменти. Бидејќи се работи за DS, ќе има многу опции за персонализација како на ентериерот, така и на екстериерот. Скоро сите површини се или можат да бидат обвиени во кожа, а прекинувачите на централнот екран можат да бидат кристални.

Најважниот погонски избор на новиот DS 7 е E-TENSE хибридниот погон на Citroen, кој комбинира 200-коњски бензински мотор и два електромотори кои нудат по 109 коњски сили. Во комбинацијата влегуваат и нов 8-брзински Efficient Automatic автоматски менувач, како и литиум-јонска батерија со капацитет од 13 kWh. Сето ова резултира со системска моќност од вкупно 300 коњски сили со три режими на работа – 100% електричен, хибриден или спортски) и електрична автономија од 60 километри.

Поврзано:   Објавени финалистите за Автомобил на Годината во Македонија за 2019

Освен хибридната верзија, ќе се нудат и пет класични мотори кои исполнуваат EURO 6.2 стандарди – три турбо-бензински мотори во форма на THP 225, THP 180 и PureTech 130, како и два турбодизели во форма на BlueHDi 130 и BlueHDi 180.

Наскоро ќе имаме уште повеќе информации, но сега за сега ви ги пренесуваме првите официјални фотографии од DS 7 Crossback!

 

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.