full screen background image
Search

Citroën C-Aircross Concept ја најавува следната генерација на C3 Picasso

Францускиот бренд го претстави концептот C-Aircross, кој ќе дебитира во Женева следниот месец и служи да ја прикаже следната генерација на C3 Picasso.

Концептот најавува дека моделот C3 Picasso ќе направи транзиција од моноволумен во SUV, а ќе излезе во продажба подоцна оваа година. Со должина од 4.15 метри, ширина од 1.74 метри и височина од 1.63 метри, тој е со слична големина како Nissan Juke. Во однос на дизајнот, инспириран e од последната генерација на C3, како и C4 Cactus, но е опремен со дополнителни елементи карактеристични за SUV моделите.

Новиот Citroën C-Aircross доаѓа со две странични камери кои ги заменуваат надворешните ретровизори, панорамски сончев кров, задни врати кои се отвараат во спротивна насока за подобар пристап(инспирирани од кондептите Aircross и CXperience), како и кабина со футуристички изглед, во сиво-портокалова шема на бои, еднокрак волан, Head-up дисплеј и 12-инчен централен екран на допир.

Моделот е опремен и со 3D поврзан навигациски систем со функција на препознавање на гласовни команди, ConnectedCam, Mirror Screen, ‘Share with U’ апликација, предни и задни потпирачи за глава со вградени звучници и микрофони, и безжично полнење за паметни телефони.

Не се објавени информации за агрегатот кој го погонува кондептот, но очигледно е дека серискиот модел ќе ја позајми палетата на мотори од новиот C3. Исто како следната генерација на C3 Picasso, новиот Citroën C-Aircross концепт не доаѓа со погон на сите тркала. Наместо тоа, производителот нуди ‘Grip Control’ систем, кој овозможува подобро движење низ тешки терени и доаѓа со пет режими: Standard, Sand, Off-Road, Snow и ESP Off.

Поврзано:   Citroen ја претставува иднината на мобилноста со Ami One концептот


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.