full screen background image
Search

Shelby го слави 50-тиот роденден со 750-коњски Ford Mustang Super Snake!

Вака се слави роденден! Легендариот тјунер Shelby го слави својот 50-ти роденден со специјална едиција на Ford Mustang Shelby Super Snake која има на располагање до 750 коњски сили!

Пред точно 50 години Shelby American го произведе првиот Mustang Super Snake. По тој повод Shelby American ќе произведе 500 примероци од „славеничкиот“ Super Snake, па ако сакате и вие еден, побрзајте! Тјунерите од Shelby соработуваа со инженерите од Ford Performance, а резултатот е она што го гледате на фотографиите. Основата е Ford-овиот 5-литарски V8 кој сега соработува со компресор, па сега автомобилот може да има меѓу 670 и 750 коњски сили, во зависност од тоа кој пакет ќе го изберете.

Доработени се и сопирачките (кои сега се од Wilwood), како и суспензијата, а според Shelby „соодветно опремен“ Super Snake може да постигне 100 киломтри на час за 3.5 секунди. Секој примерок ќе дојде со посебна плакета која ја означува серијата на автомобилот. Автомобилот ќе чини од 69.995 долари – добивате навистина многу коњски сили за вашите пари!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.