full screen background image
Search

BMW ја освежи целата гама на Серијата 4!

Баварскиот производител ја освежи Серијата 4 – и тоа целата гама која ги вклучува 4 Series, Convertible, Gran Coupe и моќниот M4!

 

Визуелните измени вклучуваат нови LED предни светлосни групи, нови предни светла за магла како и нови задни светла. Формата на сите светлосни групи останува иста, но графиката и технологијата се нови, и наликуваат на концептот кој беше претставен во 2012. Понатаму, сите автомобили добиваат нови отвори за воздух на предниот браник, изменет страничен дизајн и редизајниран заден браник. Меѓу новитетите се вбројуваат и две нови бои кои BMW ги нарекува Snapper Rocks Blue и Sunset Orange, како и нови дизајни за 18 и 19-инчните фелни.

Дискретни се измените и во ентериерот – ќе препознаете редизајнирани управувачи, како и нови детали од алуминиум, двојни опшивки на некои површини во кабината и нови детали на седиштата. Кабината добива и нов инфо-забавен систем, како и нов Multifunctional Instrument Display пред возачот.

Инженерите од BMW посветиле малку внимание и на шасијата, па сега 4 Series Coupe и Gran Coupe добиваат поцврста суспензија која би требало да го зголеми уживањето во возењето, без притоа да жртвува дел од комфорот. Сите модели добиваат и рекалибриран управувач, за попрецизно и покомуникативно управување.

Погонските единици остануваат неизменети – европските купувачи ќе можат да изберат меѓу неколку четири и шест-цилиндерски бензински и дизел мотори, кои можат да се комбинираат со погон само на задните или xDrive погон на сите четири тркала, како и со мануелен или автоматски менувач.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.