full screen background image
Search

Премиум Ауто Зентрум станува мултибренд дилер за премиум возила

Компанијата Премиум Ауто Зентрум се трансформира во нешто ново на македонскиот пазар – мултибренд дилер на употребувани премиум возила!

Според она што го кажуваат од ПАЗ, желбата и мотивацијата да се започне со ваков вид на работа потекнува од статистиките за увезени и регистрирани користени возила во Македонија, но и од побарувањата на клиентите. Дополнително, тие имаат желба и цел да го направат купувањето користено премиум возило да биде на исто ниво како купувањето ново премиум возило.

Според ПАЗ, клиентот заслужува повеќе и време е да се постави нов стандард во мулти бренд автомобилскиот бизнис. За да го постигнат тоа, го базираат новиот концепт врз три основни параметри – доверба, квалитет и професионалност. ПАЗ располага со продажен салон со површина од 1300 квадратни метри, сервис со магацин за резервни делови и капацитет за поправка 12 автомобили истовремено.

Во програмата на автомобили има и нови и употребувани. Употребуваните автомобили се 90% од актуелна серија, а староста се движи од 1 до 4 години. Според изминати километри постојат 3 категории односно до 50.000 км , од 50 до 100.000 км и од 100 до 150.000км. Секој автомобил поседува сервисна историја, комплетно проверен од добавувачот и повторно проверен во сервисот на ПАЗ со контрола во 100 точки, па секој автомобил е подготвен за употреба веднаш. Понудата ќе се движи за почеток со 50 автомобили на лагер и со континуирано дополнување од добавувачи со кои ПАЗ има склучено договор за соработка. Во подготовка е и отворено локално царинско складирање во просторот на групацијата за 45 автомобили. Покрај понудата од лагер клиентот може и да изврши порачка според негови однапред зададени критериуми.

Концептот на ПАЗ е новитет на нашиот пазар,  и им посакуваме успех во понатамошната работа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.