Новиот хибриден Hyundai IONIQ пристигна во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот хибриден Hyundai IONIQ пристигна во Скопје!

Новиот IONIQ е еден од најзначајните новитети на Hyundai – и воедно еден од најнапредните автомобили кои се нудат на пазарот – и веќе пристигна во Македонија!

Веќе неколку пати сме пишувале за IONIQ – новиот модел на Hyundai за кој е развиена уникатна платформа предвидена да може да го понуди автомобилот како класичен хибрид, plug-in хибрид или чисто електрично возило. Со IONIQ Hyundai ја потврдува својата посветеност кон еколошки-прифатливи, технолошки-напредни возила.

Новиот IONIQ веќе пристигна во салонот на македонскиот импортер за возилата на Hyndai – Кореа Ауто Трејд. Изложениот примерок ја прикажува врвната изведба на моделот, со многу опрема и многу „играчки“. Автомобилот кој е поставен во салонот е во класична хибридна изведба, а тоа значи дека задолжен за придвижување на IONIQ Hybrid 1.6-литарски GDI бензинец со директно вбризгување кој испорачува 105 коњски сили и електромотор кој нуди дополнителни 44 коњски сили. Вкупната системска моќност е 141 коњска сила, а автомобилот користи 1.56-kWh литиум-јон-полимерна батерија и има емисија од само 79 грама CO2 на изминат километар.

 

Наскоро ќе имаме можност да го тестираме и подобро да го запознаеме IONIQ, па ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци од новиот хибрид на Hyundai. Во меѓувреме – погледнете ги фотографиите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.