Иднината на AMG значи нови модели, повеќе моќ и уште повеќе престиж! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Иднината на AMG значи нови модели, повеќе моќ и уште повеќе престиж!

Супер-спортскиот огранок на Mercedes-Benz продава сè повеќе и повеќе автомобили – минатата година само во САД ја зголемија продажбата за 33% – и луѓето кои се на чело на Mercedes-AMG гледаат светла иднина за брендот.

Според она што го кажуваат од AMG, одлична одлука било да се воведе „43“ линијата на модели – меѓу нив ги вбројуваме Mercedes-AMG C43, E43, GLC 43, GLE 43 и SLC 43. Челникот на Mercedes-AMG – Tobias Moers – ја препознава 43-гамата како вовед во AMG брендот, и според него оваа линија на модели им овозможува на другите, помоќните верзии да бидат уште пофокусирани, поагресивни и похардкор.

„Можеме да одиме погоре со 63“ – истакна Moers и потврди дека иако новите шест-цилиндерски AMG модели стануваат побројни, сепак компанијата е многу силно посветена на V8 моторите. Сепак, AMG не застанува со 43, туку најави и 50-гама – а тука прв претставник ќе биде новото E-Class Coupe кое ќе се вика Mercedes-AMG E50. Овој модел ќе користи би-турбо линиски шест-цилиндерски мотор кој ќе испорачува повеќе меѓу 400 и 450 коњски сили.

Секако, во понудата остануваат и бејби-AMG моделите во форма на A, CLA и GLA 45 AMG. Малите, 4-цилиндерски мотори со зафатнина од 2 литри ќе добијат свои наследници, но сè уште не е потврден тајмингот на нивното официјално деби. Сепак, Moers потврди дека AMG 45 автомобилите ќе добијат свои наследници и со следните генерации, бидејќи се покажуваат како успешни и популарни.

На самиот врв на AMG понудата, брендот останува посветен на AMG 65 моделите. Ја потврдуваат иднината на големиот V12 мотор, но истакнуваат дека 65-моделите се повеќе ориентирани кон луксуз и престиж. Перформансите се несомнено таму, но според Moers овие модели треба да бидат уште поуникатни, поспецијални и поексклузивни.

Поврзано:   Tјунинг студиото Manhart го изработи моделот V 350

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.