Познато е дека Швајцарија ги крие најпрекрасните пејсажи во светот, а Steed Tours со нивниот специјално подготвен Land Rover Defender го нудат најлесниот начин за нивно разгледување.
Замислете возење по селски патишта и низ фарми од еден кон друг поволшебен пејсаж. Тоа го нудат токму Steed Tours – приватна компанија која приредува авантуристичка екскурзија низ магичните планински предели на Западна Швајцарија. Во ова речиси девет минутно видео сопственикот на компанијата Дејвид Стид ја раскажува својата животна приказна и причината поради која се заљубил во убавините на оваа земја, а исто така и како подоцна се одлучил да ја направи истата подостапна за сите заинтересирани.
Мораме да признаеме дека после гледањето на ова видео и нашите мисли се преселија во тој предел. Погледнете и уживајте!