Францускиот бренд објави видео од новиот натпреварувач во Светскиот Рели Шампионат со кој повторно ќе се обиде да ја врати титулата во свои раце.
Откако се појавија во 1997 година, WRC моделите редовно поминуваа низ разни третмани со цел да ги подобрат перформансите или да ги намалат трошоците. Најзначајните измени беа направени пред почетокот на 2011 сезона, со преоѓањето кон покомпактни модели и 1.6-литарски турбо-мотори со директно вбризгување. Новата сезона во 2017 носи нова генерација на модели, најбрзи во оваа класа до сега.
Новиот Citroën C3 WRC е со одличен однос тежина-сила – со 3.1 килограм на коњска сила, споредено со 3.8 кај неговиот претходник. Бидејќи подобрената ефикасност не се докажува само со бројки, драматичните технолошки измени можат да се видат и преку масивните аеродинамички елементи како и погонот на сите тркала кој сега доаѓа со централно управуван диференцијал.
Погледнете го видеото и уживајте!