full screen background image
Search

Бензините и дизелот поскапуваат за два денари

Регулаторната Комисија за Енергетика ги зголеми малопродажните цени на горивата – бензините и дизелот поскапуваат за два денари.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 4.46%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за два денари, и еден литар од овие горива ќе чини 66.50, 68.50 односно 53.50 денари.

Новите цени на горивата стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици. Среќна Нова Година!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.