full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Првиот нов Ford GT ја напушта производната лента!

Првите сериски примероци на новиот Ford GT ја напуштија производната лента, а Ford објави видео со кое ја пренесува кратката, но значајна церемонија за брендот.

Црниот Ford GT со портокалови „тркачки ленти“ ја напушти производната лента управуван од Raj Nair, еден од челниците на Ford. Според некои извори, ова возило ќе се користи во маркетингшки цели, за промоција на моделот и брендот.

Ford го ограничи годишното производство на новиот GT на само 250 примероци. Првите 500 возила веќе се продадени, и тоа преку тешкиот процес на аплицирање кој Ford го започна со цел да избере вистински фанови – компанијата доби преку 6000 апликации за првите 500 возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.