full screen background image
Search

Hyundai е најквалитетен според германскиот Auto Bild!

Корејскиот производител освои уште едно престижно признание – и тоа на германска територија. Според германскиот Auto Bild, трет пат во седум години Hyundai успева да стигне до самиот врв на рангирањето според квалитетот!

Конечниот резултат на деталните анализи на Auto Bild е мошне позитивен за Hyundai Motor Company. Корејскиот производител освои 2.14 поени на скалико од 5 можни, и по трет пат во седум години го освојува првото место на рангирањето на квалитет. Луѓето од Auto Bild беа особено импресионирани од тестираните автомобили и нивната издржливост – по долгометражниот тест од 100.000 километри, i30 ги освои најдобрите оцени кои некогаш биле доделени на ова тестирање од Auto Bild. Коментарите на жирито на Auto Bild беа дека „Hyundai може да се гордее со напредокот кој го направи изминативе неколку години.“ Дополнително се тестирани и новиот Tucson, како и малиот i10 и со преку 30.000 изминати километри, не биле пријавени никакви грешки.

Според Thomas Schmidt – претседателот на Hyundai Motor Europe – „Квалитетот е клучен елемент во бренд-стратегијата на Hyundai, оваа награда е потврда за искуството технолошкиот напредок на компанијата, и итекако ја открива намерата до 2020-тата година да биеме број еден азиски бренд во Европа.“

Германскиот Auto Bild ги оценува долготрајниот квалитет и доверливост на водечките автомобилски брендови, од 2001-вата година објавува годишен извештај за квалитетот. Главните и најважни елементи во рангирањето се задоволството на купувачите со возилото, но магазинот ги евалуира и сите повици во сервис кои се случиле во текот на годината, како и фактори кои се објавуваат во TUV извештаите. Крајниот резултат вклучува и тест на издржливост од 100.000 километри, како и тестови во соодветни работилници. Овогодинешното истражување опфаќа 8775 сопственици на автомобили, а е извршено во соработка со Forsа истражувачкиот институт. Конечно, во пресметката влегува и времетраењето и содржината на гаранцијата која производителите им ја нудат на своите купувачи за новите возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.