BMW најавува уште повеќе М кросовери во својата палета – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW најавува уште повеќе М кросовери во својата палета

Германскиот бренд објави дека гамата на спортски SUV модели со М-ознака ќе биде уште поголема во наредните години.

Потпретседателот за продажба и маркетинг – Питер Квинтус изјави дека огромната побарувачка за SUV модели со високи перформанси во Австралија е јасна индикација за тоа како се чувствува остатокот од светот и дека интересот за автомобилите во овој сегмент сеуште е во пораст, a нивната стратегија е да ги идентификуваат можностите за да одговорат на растечката побарувачка.

Квинтус изјави дека треба да очекуваме цел бран од нови М модели во иднина, откривајќи дека компанијата нема намера да ја прошири својата палета до таа мера за да одговори на зголемената флота на Mercedes-AMG. Наместо тоа, сите сите идни М модели ќе бидат создадени со спортски фокусирана филозофија, која ќе ги прави одлични на тркачките патеки.

Првите модели кои ќе добијат М варијанти се очекува да бидат новите X3 и X4, но останува да видиме кои други ќе бидат дел од тој бран и ќе им се придружат подоцна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.