full screen background image
Search

Volvo V90 станува дел од шведската полиција

Новиот караван на Volvo – големиот V90 – е најновиот член на шведската полиција, и веќе ги има најдобрите резултати на нивниот „приемен испит.“

За еден автомобил да биде дел од шведската полиција, мора да помине низ неколку тестови – тест на сопирање, тест на минување околу пречки, тест за напредно возење и избегнување, како и тест на брзо возење во специјални услови. На овие тестови, V90 освои 9.2 поени од вкупно 10 – а тоа е најдобриот резултат на овие тестови досега – и подобри од досегашниот XC70.

volvo-v90-police-car4

За V90 да ги постигне овие импресивни резултати, инженерите од Special Products одделот на Волво во Торсланда му посветија малку внимание на автомобилот, па тој доби зајакната шасија, подобрувања на сопирачките и суспензијата, а ентериерот ги доби сите алатки и технологии кои можат да им бидат потребни на шведските полицајци.

volvo-v90-police-car2

Сега за сега не знаеме која погонска единица ја користи полицискиот V90, можеме да претпоставиме дека користи еден од турбо-полнетите четири-цилиндерски бензинци на Volvo кои испорачуваат 250 или 315 коњски сили. Планот на Volvo е покрај на полицијата во Шведска, да им го понуди V90 и на други полициски сили – не само во Европа, туку ширум светот. Испораката на полициските примероци ќе започне следната година.

volvo-v90-police-car3

Новиот V90 е базиран на новиот луксузен седан на Volvo – S90 – кој ние веќе имавме можност одблиску да го запознаеме. Прочитајте го нашиот тест!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.