full screen background image
Search

Peugeot го освежи успешниот 301!

Со преку 360.000 продадени примероци, 301 е успешна приказна за Peugeot – па затоа францускиот производител ги затегна линиите на популарниот компактен седан од Б-сегментот!

До крајот на Август оваа година, Peugeot произведе и продаде преку 360.000 примероци од Peugeot 301 – компактниот седан кој успешно се пробива во навистина компетитивниот сегмент. Со освежувањето, 301 добива визуелни измени кои ги следат тековните насоки на брендот (нам ни наликува на помала верзија на големиот 508), нови LED светла и други ситни детали.

peugeot-301-facelift-interior

Во ентериерот, луѓето од Peugeot го истакнуваат новиот 7-инчен мултимедијален уред со дисплеј чувствителен на допир. На овој екран може да биде прикажано видео од паркинг камерата и 3D TomTom навигацискиот уред. Дополнително, уредот нуди и MirrorScreen можност за поврзување со мобилни уреди – нешто што за прв пат се нуди во овој сегмент. 301 останува рекордер во сегментот и кога станува збор за багажен простор – малиот седан нуди дури 640 литри простор во багажникот.

peugeot-301-facelift-rear

Во понудата на мотори ќе се најдат докажаните бензински и турбодизел мотори на Peugeot. Гамата на бензинци ја сочинуваат 1.2-литарскиот PureTech со 82 коњски сили и 5-степен мануелен менувач, како и 1.6-литарскиот VTi со 115 коњски сили кој може да се добие со 5-степен мануелен или 6-степен автоматски менувач. Понудата на дизелите се состои од 1.6-литарскиот турбодизел кој во BlueHDi изведба нуди 100 коњски сили, а во HDi изведба 92 коњски сили. Обете верзии се нудат со 5-степен мануелен менувач.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.