Mitsubishi е најдоверлив автомобилски бренд во Германија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi е најдоверлив автомобилски бренд во Германија!

Според истражувањето на JD Power, токму јапонскиот Mitsubishi ја има најголемата доверба меѓу купувачите во Германија!

Студијата направена од JD Power опфаќа 15.000 испитаници кои поседувале возила од различни марки. Возилата биле во нивна сопственост во период од 1 до 3 години, а JD Power мереле различни параметри и искуства кои сопствениците ги имале со своите возила.

jd-power-list-germany

Цел на истражувањето се 177 различни параметри и симптоми поделени во 8 категории, и тоа: мотор и трансмисија, надворешност, возачко искуство, ергономија, мултимедијални уреди, седишта и внатрешност. Доверливоста е мерена според бројот на проблеми кои се појавуваат на 100 возила. Оние брендови и возила кои имаат помал број во листата на рангирање, имаат повисок квалитет.

mitsubishi-outlander-2016

Според мерењето на JD Power и овие критериуми, на самиот врв на листата во Германија се наоѓа токму Mitsubishi, чии модели имале најмал број на дефекти. Соодветно на тоа, Mitsubishi е најдоверлив бренд во Германија – просечно, кај автомобилите имало по 127 идентификувани проблеми, но оваа бројка кај возилата на Mitsubishi е значително пониска.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.