full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова е првиот SUV на Alfa Romeo и се вика Stelvio!

Alfa Romeo го претстави својот прв SUV – новиот спортски теренец на италијанскиот бренд се вика Stelvio и ќе може да се добие со истиот 505-коњски V6 како и Giulia Quadrifoglio!

Новиот SUV на Alfa Romeo го носи името по легендарниот Stelvio Pass, еден од најубавите патишта за возење на нашата мала планета. Stelvio (автомобилот, не преминот) е базиран на истата Giorgio платформа врз која е изградена и Giulia, а тоа значи дека ќе може да ги добие и истите мотори.

Она што го гледаме на фотографиите е Stelvio Quadrifoglio – а тоа значи дека под поклопецот се крие истиот 2.9-литарски V6 кој е задолжен за придвижување и на Giulia Quadrifoglio. Монструозниот V6 испорачува 510 коњски сили и 415 Nm вртежен момент кон сите четири тркала. Иако Alfa Romeo сè уште не објавува официјални податоци за забрзувањето и максималната брзина, се шпекулира дека Stelvio Quadrifoglio ќе го постигне бенчмаркот од 100 километри на час за само 4 секунди – а тоа ќе го направи еден од најбрзите SUV модели на пазарот!

2018 Alfa Romeo Stelvio

2018 Alfa Romeo Stelvio

Покрај моќниот V6, Stelvio ќе добие и 280-коњски, 2-литарски турбо-бензинец. Овој мотор ќе испорачува 400 Nm вртежен момент и ќе користи MultiAir технологија за придвижување на вентилите. Според Alfa Romeo, овој мотор истовремено ќе нуди инстантна реакција на секоја команда од возачот, но и исклучителна економичност.

Од она што можеме да го видиме, Stelvio успешно презема дизајнерски детали од тековните модели на Alfa Romeo – но можеме да забележиме детали  како од Giulia, така и од Giulietta. Сепак, дизајнот е италијански – а тоа значи емотивен, различен и несомнено привлечен. Stelvio го добива и DNA системот на Alfa Romeo за прилагодување на подвозјето. Сите верзии ќе добијат Natural, Dynamic и Advanced Efficiency режими, а врвната Quadrifoglio ќе добие DNA Pro систем кој има и режим Race.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Alfa Romeo го претстави Stelvio Veloce Ti

alfa-romeo-stelvio-quadrifoglio-interior

Во ентериерот приказната е слична – наликува на оној на Giulia, добиваме 6.5-инчен мултимедијален дисплеј во стандардната опрема (а може да се нарача и 8.8-инчен) а меѓу најважните додатоци би го издвоиле аудио системот од Harman Kardon со 14 звучници. Секако, тука се и безбедносните системи кои вклучуваат адаптивен темпомат, систем за следење на слепата точка, систем за предупредување пред фронтален судар, предупредување при напуштање на коловозната лента и многу други додатоци.

Alfa Romeo Stelvio би требало да се појави на пазарот следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.