Еден од најпопуларните автомобили во својот сегмент на нашиот пазар – Mitsubishi ASX – неодамна доби свое освежување и веќе пристигна во салонот на Мак Аутостар во Скопје.
Освежениот Mitsubishi ASX доаѓа со значително изменет преден дел, кој сега е повеќе во линија со другите модели на брендот. Дискретни измени има претрпено и задниот дел, но таму разликите ќе ги препознаат само вистинските познавачи. Во ентериерот препознаваме нов управувач и некои нови детали, но вреди да го истакнеме Android уредот кој го заменува традиционалното радио кај моделот кој е на акциска понуда.
Android уредот нуди беспрекорно поврзување со мобилен уред, WiFi поврзливост, навигација и многу други функционалности, а благодарение на паркинг камерата и сензорите за паркирање, нуди одлична маневрабилност низ тесните градски паркинг места. Во моментов, новиот ASX опремен со 1.6-литарски бензинец кој има 117 коњски сили и Invite Plus ниво на опрема кое го вклучува Android уредот и задната камера може да се добие за 17.500 евра.