full screen background image
Search

Hyundai во полна пареа за овогодинешната SEMA

SEMA е едно од најголемите автомобилски шоуа, каде светски-познатите брендови и тјунери прикажуваат екстремни верзии на своите автомобили – а Hyundai оваа година ќе има дури четири ексклузивни модели!

Понудата започнува со тркачки-ориентиран Veloster доработен од Gurnade кој носи екстремен бодикит со исфрлени крила, голем преден сплитер, тркачки аеродинамични додатоци, лесни ковани тркала и специјален заден спојлер. Тркачките преработки продолжуваат со голем систем „за дишење“ кој има голем интеркулер, преработен софтвер, издувен систем, како и внатрешен кафез, тркачки кочници и уште многу други детали.

HYUNDAI JOINS FORCES WITH BISIMOTO TO DEVELOP “SANTA-FAST” 1,040 HORSEPOWER REAR-DRIVE SANTA FE SUV FOR 2016 SEMA SHOW

HYUNDAI JOINS FORCES WITH BISIMOTO TO DEVELOP “SANTA-FAST” 1,040 HORSEPOWER REAR-DRIVE SANTA FE SUV FOR 2016 SEMA SHOW

Понатаму, тука ќе биде и големата Santa Fe преработена од Bisimoto која има на располагање ни помалку, ни повеќе, туку 1040 коњски сили кои доаѓаат од 3.9-литарски V6 и се испорачуваат кон задните тркала. Екстремната Santa Fe има специјално-изработен погон на задните тркала и специјален менувач, а сето тоа е поставено врз значително преработена суспензија со врвни компоненти.

HYUNDAI TEAMS WITH ROCKSTAR PERFORMANCE GARAGE TO CREATE NITROUS-BASED ROCKSTAR SANTA FE CONCEPT OFF-ROADER FOR 2016 SEMA SHOW

HYUNDAI TEAMS WITH ROCKSTAR PERFORMANCE GARAGE TO CREATE NITROUS-BASED ROCKSTAR SANTA FE CONCEPT OFF-ROADER FOR 2016 SEMA SHOW

Понудата продолжува со уште една Santa Fe, но овој пат во екстремна оф-роуд изведба. Оваа верзија на Santa Fe е дело на Rockstar Performance Garage, и онаму каде верзијата на Bisimoto е наменета исклучиво за асфалтот, оваа е подготвена за соочување со секаков терен. Веднаш ќе ги забележите големите тркала и теренските пневматици. Користи 3.3-литарски V6 и иако не ја знаеме точната бројка за коњските сили, знаеме дека има додадено нитро-систем за уште повеќе забава!

Поврзано:   ТЕСТ: Hyundai Tucson 1.6 CRDi Premium - Темелна трансформација!

hyundai-elantra-sema

Конечно, тука е и Elantra од најновата генерација доработена од ARK Performance. Оваа Elantra е преработена во стилот на тркачки автомобил, а доаѓа со турбо-полнач, спортски издув, преработена суспензија, ковани тркала и NITTO пневматици.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.